ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ЛОТАРИЈАТА ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА ЗА САД ЗА 2025 ПОЧНУВА НА 4 ОКТОМВРИ ВО 18 ЧАСОТ

    ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ЛОТАРИЈАТА ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА ЗА САД ЗА 2025 ПОЧНУВА НА 4 ОКТОМВРИ ВО 18 ЧАСОТКандидатите ќе можат да проверат дали се избрани од 4 мај 2024 (Фото: СДК.МК)

    Пријавувањето за лотаријата за зелена карта за САД за 2025 година почнува на 4 октомври во 18 часот и ќе трае до 7 ноември 2023 до 18 часот, објави денеска американската амбасада во Скопје. Кандидатите можат да се пријават на веб страницата https://dvprogram.state.gov/ на која има целосни инструкции.

    Учеството во лотаријата е бесплатно.

    Им препорачуваме на кандидатите да аплицираат порано и лично да ги подготват и поднесат своите пријави. Кандидатите можат да побараат помош од трето лице кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но за едно лице може да има само една апликација. Секој кандидат е одговорен за своите податоци и дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни. Внесување неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификација на кандидатот дури и откако бил извлечен како добитник“, појаснија од амбасадата.

    Секој кандидат треба да ја испечати и зачува потврдната страница од пријавата по пополнувањето на апликацијата за да може да ја провери. Исто така, секој кандидат треба да го зачува својот единствен број барем до 30 септември 2025, без разлика дали е извлечен на почетокот. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран. Кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани од 4 мај 2024 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира