БАЈДЕН ДОЗВОЛИ ДА ПРОДОЛЖИ ИЗГРАДБАТА НА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКО ШТО ГО ПОЧНА ТРАМП

    БАЈДЕН ДОЗВОЛИ ДА ПРОДОЛЖИ ИЗГРАДБАТА НА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКО ШТО ГО ПОЧНА ТРАМПВо мандатот на Трамп беа изградени 720 километри од ѕидот (Фото: АП)

    Администрацијата на Џо Бајден ќе гради нов дел од граничниот ѕид во јужен Тексас со цел да се спречи напливот на мигранти. Околу 32 километри ѕид ќе се градат во округот Стар долж границата со Мексико, каде што е забележан голем број илегални преминувања.

    Изградбата на граничниот ѕид беше заштитен знак на политиката на Доналд Трамп додека беше претседател, на што демократите жестоко се противеа. Во неговиот мандат беа изградени 720 километри од ѕидот. Во 2020, Бајден вети дека нема да се изгради ниту сантиметар од ѕидот ако биде избран за претседател.

    Според владини податоци, оваа година биле регистрирани над 245.000 илегални преминувања на границата. Неколку американски градови се пожалија дека го чувствуваат притисокот од напливот на мигранти.

    Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, предвиде дека трошоците за сместување на повеќе од 100.000 новопристигнати луѓе од минатата година ќе пораснат на 12 милијарди долари во следните три години. Тој оваа недела ќе патува во Еквадор, Колумбија и Мексико за да ги обесхрабри мигрантите да тргнат на пат.

    „Немаме веќе место“, кажа Адамс.

    Секретарот за домашна безбедност на Бајден изјави дека постои акутна и итна потреба од изградба на нов дел од ѕидот за да се спречат незаконски влегувања во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира