„М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ОД ДЕНЕСКА ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕ, ОД УТРЕ И НИЗ МАКЕДОНИЈА

    „М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ОД ДЕНЕСКА ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕ, ОД УТРЕ И НИЗ МАКЕДОНИЈАГлавните глумци Ничовски, Сиваков и режисерот Тозија по премиерната проекција на Синедејс. (Фото: К. Попов)

    „М“, вториот филм на Вардан Тозија, од денеска игра во скопското кино Синеплекс во Скопје, а од утре ќе игра и во други градови низ земјава. Премиерата на „М“ беше на 13 јули на отворањето на фестивалот Синедејс во Скопје.

    „М“ е дистописка приказна чиј главен лик е осумгодишниот Марко. Матеј Сиваков го игра Марко, а во екипата се и Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев.

    Сценариото е на Тозија и режисерот Даријан Пејовски, а кинематографер е Влатко Самоиловски.

    Продуцент е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира