Според фармерите, годинава приносите на оризот се за над 30 отсто помали поради високите температури и поради намалената влажност на воздухот како последица на недостигот на дождови.
Производителите на ориз, исто така, велат дека климатските промени кои ја засегаат Македонија го намалуваат производството на ориз за повеќе од 30 отсто.
Последните години во Македонија, пред сè во кочанскиот регион, се одгледува ориз на 3 до 3,5 илјади хектари, што е далеку помалку од времето на Југославија, кога овој регион обезбедувал околу 70 отсто од потребите на поранешната држава.
Текст и фото: Ѓ. Личовски