Албанскиот премиер Еди Рама ја нарече историска заедничка платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, за преговорите за формирање на македонска влада.
„Историски чекор за изразување на волјата на Албанците во Македонија. За правата на Албанците, а не преговори за владини фотелји“, напиша Рама на својата страница на „Фејсбук“, откако вчера албанските партии ја објавија платформата.
Лидерите на албанските политички партии од Македонија, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година, двапати беа на разговори со Рама во Тирана, а потоа и со косовскиот претседател Хашим Тачи. По средните со Рама и со Тачи произлезе заедничката платформа на албанските партии во Македонија, која ќе биде основа за преговори за формирање нова Влада.