ПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА БЕСПЛАТНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

    ПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА БЕСПЛАТНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИПГодинава се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. (Фото: СДК.МК)

    Денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи на страницата вакцинација.мк. Со пополнување на апликацијата, лицето се регистрира за вакцинација директно во системот Мој термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добие повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинира.

    Годинава, како што соопшти Министерството за здравство, се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

    Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени ризичните групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од 6 месеци до 5 години и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

    Се планира вакцинацијата да почне да се спроведува во втората половина на месецов.

    „Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи“, вели Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира