ВИКЕНДОВ ИМАЛО 116 ПОЖАРИ, АНГЕЛОВ АПЕЛИРА ДО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДА НЕ БАРААТ ПОМОШ ОД ЕР ТРАКТОРИТЕ ЗА СЕКОЈ ОГАН

    ВИКЕНДОВ ИМАЛО 116 ПОЖАРИ, АНГЕЛОВ АПЕЛИРА ДО ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДА НЕ БАРААТ ПОМОШ ОД ЕР ТРАКТОРИТЕ ЗА СЕКОЈ ОГАНВо моментов има 6 активни пожари од кои четири се поголеми и поопасни. (Фото: ЦУК)

    Викендов во земјава имало 116 пожари на отворен простор. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна, а сериозни врнежи не се очекуваат ниту во наредните 10 дена. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов апелира до градоначалниците да не бараат поддршка од ер тракторите за секој пожар.

    Апелирам до сите градоначалници да ги следат законски пропишаните процедури и да бараат воздушна подршка тогаш кога се исцрпени сите останати можности. Пожари не се гаснат од воздух со ер трактори и хеликоптери без подршка на пожарникари од земја. Невозможно е да се изгасне пожар додека врз него не згазне пожарникарска чизма. ЦУК ја проценува неопходноста од употреба на воздухоплови, а доколку се употребат ги координира. Бројот на воздухоплови е ограничен, а бројот на пожари секој ден е огромен“, вели Ангелов.

    Во текот на септември, во земјава се регистрирани вкупно 778 пожари на отворен простор од кои 43 се гаснети со воздухоплови. Во моментов има 6 активни пожари од кои четири се поголеми и поопасни.

    Од ЦУК апелираат до сите земјоделци да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира