ЗЕЛЕНИОТ КАТАСТАР КОЦЕ НЕ ГО НАПРАВИ НИ ДО КРАЈ НА 2016

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗЕЛЕНИОТ КАТАСТАР КОЦЕ НЕ ГО НАПРАВИ НИ ДО КРАЈ НА 2016

    Две години градските власти вложуваат пари во изработка на Зелeн катастар за Град Скопје, но никако да го направат. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски лани, на почетокот на годината, уверуваше дека сите дрвја и сето зеленило во Скопје ќе бидат пребројани и документирани најдоцна до крајот на годината. Тоа не се случи, а нов рок за комплетирање на катастарот е претстојната пролет.

    „Изготвувањто на Зелениот катастар на Град Скопје е во тек и истиот се реализира во соработка со УНДП. Таа иницијатива не беше реализирана во изминатиот период поради недостаток на финансиски средства, односно поради непостоење на можност за обезбедување на средства преку донации. Според плановите и динамиката на реализацијата на проектот, за изработка на Зелениот катастар на Град Скопје веќе е завршено снимањето на дрвните и грмушестите садници и во текот на пролетта ќе биде извршена идентификацијата и оформувањето на комплетниот катастар. Покрај тоа, во текот на наредната година ќе се набави и опрема за сите субјекти кои во иднина ќе се грижат за Зелениот катастар“, велат од Градот.

    За изработка на Зелениот катастар, Град Скопје во 2015 вложил 1.300.000 денари, а во 2016 дополнителни 1.000.000 денари. Од Градот велат дека геодетското снимање на зелените површини е почнато со површините во Градскиот парк, парк-шумата Гази Баба, булеварското зеленило. Во следниот период треба да бидат опфатени и сите останати јавни зелени површини со што ќе биде земено во предвид севкупното урбано зеленило во градот..

    „Според сегашните проценки, градот Скопје располага со површина од околу 600ха јавно зеленило или 12,5м2/жител. Во оваа површина не се вкалкулирани заштитените подрачја парк-шума Водно со 4.770ха и парк-шума Гази Баба со 105ха. Постојната површина на зеленило ги задоволува европските критериуми, но согласно проекциите на ГУП за Град Скопје до 2020 е предвидено зголемување на зелените површини при што таа ќе изнесува 18,5м2/жител. Постојаните активности на Градот во насока на збогатување на зелениот фонд укажуваат на фактот дека овие вредности ќе бидат достигнати и порано од предвиденото“, велат од Градот.

    Лекција за тоа како се прави Зелен катастар лани на градските власти им одржа граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Mаало“. Волонтери, членови на оваа иницијатива, за неполни две недели го пребројаа зеленилото на спорните државни парцели во Дебар Mаало работејќи само попладне, го броеја зеленилото во Мал ринг и во Карпош 4.

    За време на пописот на дрвја во Карпош 4, утврдени се 3.008 дрвја на површина од бруто 32 хектари, или 94 дрвја на хектар. Оваа бројка на попишани дрвја е сериозно засегната со паркинзите и подземните гаражи кои се планираат, пишува во иницијативата, презентирана лани во март.

    „Основниот проблем со ДУП Градска Четврт 3 02, и основната причина поради која граѓаните се организираа и дојдоа до овој попис е големиот број на зелени површини со стари, расни дрвја кои се предвидени да бидат уништени со многубројните планирани подземни и надземни паркинзи. Се поставува прашањето дали потребните паркинг места се правилно димензионирани,  бидејќи на терен не се гледа огромен недостиг  на паркинг места – иако сегашните не се доволни? Веројатно, најголемата потреба за нови паркинг места доаѓа од новопредвидените висококатници“,  заклучено е во Анализата.

    Се апелира читањето на мапи и детални урбанистички планови да им стане пракса на се повеќе граѓани, со цел да се врши контрола врз политиките на институциите кои го засегаат нивното непосредно живеалиште.

    „Во густо населена претежно станбена градска четврт, логично е зелените површини да ги обезбедуваат јавните институции со своите големи дворови и социјални простори. Парковите треба да се отворат за користење на граѓаните барем по работните часови на институциите. На тој начин ќе се создадат нови зелени простори во Дебар Маало. Општината треба да ги попише сите дрвја на јавни површини на нејзината територија и да состави зелен катастар за идно полесно проценување на ефектот на промените врз животната средина“, се заклучува во анализата.

    Зелениот катастар, кога ќе се комплетира, треба да биде појдовен документ за планирање на секаков вид градба, без разлика дали се работи за улица или за зграда. Изминатиот период покажа дека дрвја се сечат дури и за поставување билборди, но нема документ кој ќе покаже дека на местотo на билбордот имало дрво.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира