НЕКОИ ЗЕМЈИ ЈА КОРИСТАТ ДЕБАТАТА ЗА РЕФОРМИ НА ЕУ КАКО ИЗГОВОР ДА СЕ ОДЛОЖИ ПРИМАЊЕТО НОВИ ЧЛЕНКИ, ВЕЛИ АВСТРИСКИОТ МИНИСТЕР ШАЛЕНБЕРГ

    НЕКОИ ЗЕМЈИ ЈА КОРИСТАТ ДЕБАТАТА ЗА РЕФОРМИ НА ЕУ КАКО ИЗГОВОР ДА СЕ ОДЛОЖИ ПРИМАЊЕТО НОВИ ЧЛЕНКИ, ВЕЛИ АВСТРИСКИОТ МИНИСТЕР ШАЛЕНБЕРГМинистрите за надворешни работи Бујар Османи и Александер Шаленберг во Скопје на 10 мај 2022 (Фото: СДК.МК)

    Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг е против дебати за реформи на ЕУ како изговор за забавување на проширувањето на унијата. Тој смета дека некои земји членки ја користат таквата дебата како алиби, бидејќи се воздржани околу проширувањето.

    „Многу силно сум против користењето на дебатата за реформи како изговор за повторно забавување на проширувањето. Тоа апсолутно го гледаме во некои изјави и затоа сум многу јасен и велам – не! Не сакам сега некои земји кои можеби сè уште се воздржани околу проширувањето да кажат – треба да се реформираме пред да се прошириме. Мислам дека и двете работи треба да одат заедно. А можеби дури и би тврдел дека проширувањето може да биде катализатор за реформи. Па, да го поставиме ова обратно“, кажа Шаленберг во интервју за емисијата „Агенда 35“ што се емитуваше синоќа на МРТ.

    Идејата дека на ЕУ ѝ се потребни реформи пред да се прошири со нови членки ја промовираше францускиот претседател Емануел Макрон. Тој во август кажа дека ЕУ треба да се реформира ако сака да се прошири со нови земји.

    „Ризик е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформа. Можам да посведочам дека доволно е тешко за Европа да напредува на чувствителните теми со 27 членки. Со 32 или 35 членки, нема да биде полесно“, кажа Макрон на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.

    За европската перспектива на Македонија, Шаленберг рече дека земјата нема друга алтернатива освен ЕУ и дека сите политички елити треба да размислуваат во таа насока без изборни или партиски математики.

    „Северна Македонија е прво клучен партнер во регионот. Северна Македонија претрпе огромни напори за да стигне до тука. И конечно успеавме да ги отвориме пристапните преговори минатата година. И сега има еден чекор – тоа се потребните измени на Уставот.“ вели австрискиот министер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира