САЕМОТ НА КНИГА ВО ФРАНКФУРТ ЈА ОТКАЖА СВЕЧЕНОСТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДА НА ПАЛЕСТИНСКА ПИСАТЕЛКА

    САЕМОТ НА КНИГА ВО ФРАНКФУРТ ЈА ОТКАЖА СВЕЧЕНОСТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДА НА ПАЛЕСТИНСКА ПИСАТЕЛКАШилби ќе ја добие наградата после Саемот на книга во Франкфурт. (Фото: Полит форум Берн)

    Саемот на книгата во Франкфурт ја откажа свеченоста на 20 октомври, на која требаше да ѝ биде врачена награда на палестинската писателка Аданија Шибли. Саемот ќе се одржи од 18 до 22 октомври. Писателката требаше да ја прими наградата ЛиБератур од Здружението „Литпром“, кое оддава признание на дела од авторки од Глобалниот југ.

    Нејзиниот роман „Минирно прашање“ (A Minor Issue) беше пофален од критичарите, но и критикуван од други  поради употребата на наводни антисемитски клишеа.

    „Победникот е избран од независно жири. ‘Литпром’ е организатор и целосно одговорен за содржината на церемонијата на доделување на наградата. Поради терористичкиот напад врз Израел, ‘Литпром’ бара соодветен амбиент за настанот после Саемот на книгата“, изјави директорот на Саемот на книгата во Франкфурт, Јурген Бус.

    „Силно го осудуваме варварскиот терор на Хамас против Израел“, додаде тој, потенцирајќи дека Саемот изразуива солидарност со Израел.

    Бус кажа дека Саемот планира „да ги направи еврејските и израелските гласови особено видливи на Саемот на книгата“. На пример, авторката и активистка Лизи Дорон, која живее во Тел Авив и Берлин, ќе зборува за актуелните настани во Израел на литературната гала во сабота.

    Сепак, поради ограничувањата за патување, некои настани мораа да бидат откажани, меѓу нив и два концерта на израелски пејачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира