Францускиот дворец Версај во Париз денеска беше евакуиран по закана за бомба, изјавија полициски извори за АФП. Предупредувањето дојде преку анонимна порака на Интернет, а палатата која е главна туристичка атракција, ќе биде затворена најмалку до крајот на денот.
Денеска поради писмо со закана беше затворен и евакуиран и музејот Лувр во Париз. Попладнево, по откривањето на шише азотен оксид, беше евакуирана и една од салите на железничката станица Гар де Лион во Париз, од каде што тргнуваат главните железнички линии кон југоисточниот дел на Франција.
Француската влада вчера го подигна нивото на тревога за закана и распореди 7.000 војници за да ја зголеми безбедноста по вчерашниот напад на училиштето во градот Арас. Француските власти соопштија дека поранешен ученик осомничен за исламска радикализација убил наставник и ранил уште три лица пред да биде фатен. Владата е загрижена и за последиците во Франција од војната меѓу Израел и Хамас.