ВЛАДЕЈАЧКАТА ДЕСНИЦА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ПОЛСКА, НО ПРИЗНА ДЕКА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА

    ВЛАДЕЈАЧКАТА ДЕСНИЦА ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ПОЛСКА, НО ПРИЗНА ДЕКА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДАПартијата на Доналд Туск става крај на осумгодишното владеење на десницата (Фото: Шатерсток)

    Владејачката десничарска партија Закон и ред )ПиС) ќе освои најмногу пратенички места по вчерашните парламентарни избори во Полска, но призна дека не е сигурна дали ќе успее да обезбеди трет мандат. Според излезните анкети, ПиС освои 36,8% гласови, а Граѓанската коалиција на Доналд Туск 31,6%, што ѝ дава подобри шанси за формирање коалиција и да стави крај на осумгодишното владеење на ПиС.

    Лидерот на ПиС, Јарослав Качињски, изјави дека победата можеби нема да им донесе уште еден мандат.

    Полска победи, демократијата победи! Ова е крај на лошите времиња, ова е крај на владата на ПиС“, изјави 66-годишниот Туск.

    Излезноста на изборите беше 72,9%, најмногу од падот на комунизмот во 1989, при што гласачите на возраст од 18 до 29 години ги надминале во бројноста оние над 60 години.

    ПиС треба да има 200 пратеници во парламентот со 460 места, додека за мнозинство се потребни 231. Тоа нема да може да го достигне ниту со помош од крајнодесничарската Конфедерациска партија, која треба да има само 12 места.

    Туск ги опиша изборите како најважни од падот на комунизмот и од витално значење за иднината на Полска во Европската Унија. Тој вети дека ќе ги подобри односите со ЕУ и дека ќе ја одблокира помошта од 36 милијарди евра, што Брисел ја замрзна поради судските реформи што ги воведе ПиС. Се очекува Туск да формира коалиција со партијата на десниот центар Третиот пат и со Левица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира