БОЛНИЦИТЕ ВО ГАЗА ПРЕД КОЛАПС, ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ХУМАНИТАРНА КРИЗА

    БОЛНИЦИТЕ ВО ГАЗА ПРЕД КОЛАПС, ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ХУМАНИТАРНА КРИЗАИзраелската војска навести дека можеби нема да тргне вп копнена офанзива на Газа (Фото: Гети)

    Бројот на загинати во израелските воздушни напади на Газа порасна на 3.000, додека властите предупредуваат дека болниците се пред колапс.

    Единствената онколошка болница на палестинската територија ќе престане да работи во следните 48 часа. Недостигот на гориво влијае врз способностите на болницата да обезбеди грижа за болните од рак. За 48 часа пациентите ќе останат без клучната медицинска грижа“, изјави генералниот директор на болницата Соби Скик.

    Портпаролот на министерството за здравство на Газа изјави дека болниците влегуваат во фаза на колапс.

    Израел воведе целосна опсада на Газа, прекинувајќи го снабдувањето со струја, вода, лекови и гориво, но од Израелските одбранбени сили (ИДФ) негираат дека во енклавата се случува хуманитарна криза. Во исто време, Светската програма за храна на Обединетите нации предупреди дека во тамошните продавници има храна за само уште неколку дена.

    Во Газа има струја и вода. Немаме обврска да го снабдуваме Хамас со струја. Луѓето кои нѐ нападнаа ја контролираат Газа неколку години. Тие имаат струја“, изјави портпаролот на израелската војска Ричард Хехт.

    Израелската војска се подготвува за следната фаза од акцијата против Хамас во Појасот Газа, но навести дека тоа можеби нема да биде копнена офанзива.

    Се подготвуваме за следните етапи од војната. Не кажуваме какви се нашите планови. Сите зборат за копнена офанзива, но можеби ќе биде нешто поинакво“, изјави портпаролот на војската Ричард Хехт.

    Израел мобилизираше над 300.000 воени резервисти по нападот на Хамас и голем дел од нив распореди долж границата со Газа, заедно со големи количини тешка артилерија, но засега не е донесена политичка и воена наредба за очекуваната копнена офанзива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира