НАШИТЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ ВИ ДАВААТ ПАРИ, А ТУКА СЀ Е ЗАГЛАВЕНО ПОРАДИ КОРУПЦИЈА И НЕПОТИЗАМ, РЕЧЕ ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР КОП

    НАШИТЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ ВИ ДАВААТ ПАРИ, А ТУКА СЀ Е ЗАГЛАВЕНО ПОРАДИ КОРУПЦИЈА И НЕПОТИЗАМ, РЕЧЕ ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР КОПКоп кажа дека регион нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ. (Фото: СДК.МК)

    Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена и дека поради корупција и непотизам се заглавени сите процеси. Коп ова го изјави на отворањето на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 Основни вредности во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“ во Скопје.

    Сите други земји-членки во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство? Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна оти членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас нѐ оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници? После сите овие години има стратегија за сѐ, има по два акциски планови за сѐ, сечија свест е веќе трипати зголемена и сите се веќе обучени четирикратно. Сепак, сѐ е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Со едноставни зборови, нема вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската Конвенција. И која е пораката за нас? Пораката е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности“, рече амбасадорот Коп.

    Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи да биде партнер на регионот на патот кон ЕУ и дека регион нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ.

    Друга алтернатива е за 20-тина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани. Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговото релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред. Одењето напред може да се постигне само ако има владеење на правото, демократија и почитување на човековите права“, рече Коп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира