СЕ ОТВОРА „ДАЈМОНД МОЛ“ ВО СКОПЈЕ СО ТРИДНЕВНА ЗАБАВА СО КОНЦЕРТИ И ДИЏЕИ

    СЕ ОТВОРА „ДАЈМОНД МОЛ“ ВО СКОПЈЕ СО ТРИДНЕВНА ЗАБАВА СО КОНЦЕРТИ И ДИЏЕИСветлосните зраци на небото го најавија отворање на новиот трговски центар Дајмонд мол. (Фото: Дајмонд мол)

    Со четири снопа светлина на четири места низ градот синоќа беше најавено отворањето на новиот трговски центар во центарот на Скопје, Дајмонд мол*, кој денеска ќе биде официјално отворен.  Отворањето ќе биде одбележано со тридневна забава за сите генерации, која започнува денеска и ќе заврши в недела навечер.

    Премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби, министрите Оливер Спасовски, Фатмир Бесими и Љупчо Николовски беа на отворањето на Дајмонд мол. (Фото: Дајмонд мол)

    Денеска,  20 октомври (петок) од 21:00 часот концерт ќе има Џијан Емин и неговиот „Magical Orchestra“, вокално придружувани од „Voices of Skopje“, кои ќе изведуваат „Diamond hits“, а истовремено на небото над Дајмонд мол ќе имаа дрон-шоу. По завршувањето на концертот, до полноќ, посетителите ќе ги забавува диџеј Flooder.

    Вториот ден од отворањето, 21 октомври (сабота), започнува напладне со забава за тинејџерите со настап на тинејџ-атракцијата „Teen Camp“, а вечерта, до полноќ, посетителите на молот ќе може да уживаат во неколкучасовен диџеј-сет на познатите диџеи Tom Novy, Mr. Mike и Никифор. 

    Третиот ден од отворањето, 22 октомври (недела), започнува повторно напладне, со забава за најмалите, кои ќе се дружат со своите омилени цртани ликови Биби и Боби. Свеченото отворање завршува в недела навечер, во 21 часот, кога концерт ќе одржи нашата поп-дива Каролина.

    Во „Дајмонд мол“ ќе има продавници  со најпознатите и актуелни домашни и светски брендови, улица со ресторани наречена „Гурмет авенија“, како и едукативен центар за забава за деца и млади „Dream Zone“.

    *КОМЕРЦИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира