НАЈМАЛКУ 22 НОВИНАРИ СЕ УБИЕНИ ОТКАКО ПОЧНАА БОРБИТЕ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС

    НАЈМАЛКУ 22 НОВИНАРИ СЕ УБИЕНИ ОТКАКО ПОЧНАА БОРБИТЕ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАСПалестинскиот новинар Мухамад Соб беше убиен додека известуваше за израелските напад во Газа. (Фото: Хабар новинска агенција)

    Најмалку 22 новинари се убиени откако почнаа борбите меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, според Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ). Во оваа бројка се вклучени 18 Палестинци, тројца Израелци и еден Либанец, додаде Комитетот.

    ЦПЈ припишува 15 од овие смртни случаи на израелски воздушни напади и два на напади на Хамас во Израел. Дополнително, осум новинари се повредени и тројца се исчезнати или уапсени, се вели во соопштението на Комитетот.

    „ЦПЈ нагласува дека новинарите се цивили кои вршат важна работа во време на криза и не смеат да бидат цел на завојуваните страни“, кажа портпарол на ЦПЈ.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира