Претседателка на бордот на синагога во Детроит беше најдена мртва со неколку рани од убоди пред нејзиниот дом, соопшти локалната полиција.
Жртвата, Саманта Вол, беше претседателка на бордот на синагогата Исак Агри во центарот на Детроит, кажаа од синагогата во објава на Фејсбук.
Полицијата смета дека таа била убиена внатре во нејзиниот дом, а мотивот засега не е познат.
„Разбирливо, ова убиство остава многу неодговорени прашања. Истрагата е во тeк и барам од сите да останат трпеливи додека истражителите внимателно ги разгледаат секој аспект од расположливите докази“, изјави шефот на локалната полиција Џејмс Вајт.
Убиството се случи среде нараснатите тензии меѓу еврејските и муслиманските заедници ширум САД поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.