Берлинскиот музеј Пергамон вчера ги отвори вратите за последен пат пред реновирањето кое што се очекува да трае 14 години. Влезниците за последниот ден беа распродадени одамна.
Пергамон е еден од најпопуларните германски музеи и ќе биде целосно затворен барем четири години. Северното и централното крило од музејот веќе беа затворени 10 години.
Секцијата А, во која е Алтарот Пергамон, треба да биде отворена во 2027 година. Секцијата Б ќе остане затворена до 2037 година, а цената на реновирањето се очекува да биде 1,5 милијарди евра.
Музејот Пергамон, кој располага со колекција на класични антиквитети, музеј на древниот Блиски Исток и музеј на исламската уметност, е еден од малкуте германски музеи кои привлекуваат над еден милион посетители годишно.