ПУКАЊЕ ВО „ИСТ ГЕЈТ“, ДВЕ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ И ОДНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА

    ПУКАЊЕ ВО „ИСТ ГЕЈТ“, ДВЕ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ И ОДНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦАПолицијата врши увид. (Архивска фотографија)

    Попладнево е пукано во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, при што се повредени две лица. Во моментов, полициски екипи се на лице место и вршат увид.

    „Денеска од трговскиот центар ‘Ист гејт’ во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

    Во „Ист гејт“ кон едно лице се пукаше и кон крајот на август. Како што неофицијално дознаваме, станува збор за истото лице.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира