ЌЕ ГО БРАНИМЕ ФИЛИПИНИ АКО ГО НАПАДНЕ КИНА, ПРЕДУПРЕДИ БАЈДЕН

    ЌЕ ГО БРАНИМЕ ФИЛИПИНИ АКО ГО НАПАДНЕ КИНА, ПРЕДУПРЕДИ БАЈДЕНФилипини ја обвини Кина за два намерни судира на бродови во спорното Јужнокинеско Море (Фото: АФП)

    Џо Бајден ја предупреди Кина дека САД ќе го бранат Филипини ако биде нападнато во спорното Јужнокинеско Море. Ова доаѓа два дена по два судира помеѓу кинески и филипински пловила во спорните води.

    Манила ги оспорува кинеските претензии за водите, отсекувајќи ги пловечките бариери, при што ги покани медиумите да ги снимат „опасните потези на Кина на морето“.

    Бајден нагласи дека САД остануваат посветени на „железната одбрана“ на Филипини. Ова се неговите најостри коментари за Јужнокинеското Море откако се засилија тензиите помеѓу Кина и Филипини во последните месеци.

    „Сакам да бидам јасен, многу јасен. Одбранбената посветеност на САД кон Филипини е железна. Нашиот договор со Филипини е железен“, изјави Бајден.

    Потпишан во 1951 година, Договорот за заемна одбрана ги обврзува САД и нивната поранешна колонија Филипини да бранат еден друг во случај на вооружен напад.

    „Секој напад на филипински авион, пловило или вооружени сили ќе значи активирање на нашиот договор“, кажа Бајден.

    Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека САД немаат право да се мешаат во проблем помеѓу Кина и Филипини.

    Филипини во неделата кажа дека „опасен кинески маневар“ довел до судир помеѓу кинески крајбрежен брод и филипински товарен брод во област која спаѓа во Ексклузивната економска зона на Филипини. Во друг инцидент, брод на кинеската милиција удрил во пловило на филипинската крајбрежна стража. Манила кажа дека во двата случаја, кинеските бродови намерно удриле во филипинските.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира