ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА ВЧЕРА ЗАГЛАВИ ТРИ И ПОЛ ЧАСА ВО ТУНЕЛОТ КАЈ СТАНИЦА ПЧИЊА

    ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА ВЧЕРА ЗАГЛАВИ ТРИ И ПОЛ ЧАСА ВО ТУНЕЛОТ КАЈ СТАНИЦА ПЧИЊАУвидот од екипи на ЈП Македонски железници покажа дека паднал метален дел од товарен вагон, кој претходено минувал во тунелот. (Фото: Аматерска фотографија од патник)

    Вчера попладне, стотина патници во патничкиот воз од Скопје за Гевгелија минале три и пол часа во тунел. Информацијата ја потврдија од СВР Велес, каде бил пријавен инцидентот. По извршениот увид од екипи на ЈП Македонски железници, констатирано било дека паднал метален дел од товарен вагон, кој претходено минувал на оваа релација.

    „На пругата, во тунелот, имало парче метал, поради кое не можел да се воспостави железнички сообраќај. Пријавено е од вработен во ЈП Македонски железници (МЖ), чии екипи излегле на месото на настанот и извршиле увид“, соопштија од СВР Велес.

    Попладневниот патнички воз од Скопје тргнува во 16,55 часот, а застанал во тунелот кај Железничка станица Пчиња некаде околу 17,40. Откако околу 200 минути возот бил во тунел, продолжил кон Велес. Наместо во 17,47 стигнал во 21 часот, по што продолжил за Гевгелија.

    Претходно во четвртокот попладне и петокот наутро, единствениот патнички воз кој сообраќа од Скопје за Битола и обратно, не возел, оти расположливата дизел локомотива била расипана.

    МЖ се судрува со сериозни проблеми во работењето, укинува железнички стојалишта, го намали бројот на патнички возови од и за Битола. Возовите кон Кочани, Кичево не сообраќаат две и пол години, од почетокот на годинава не сообраќа возот ниту кон Куманово и Табановце, а меѓународниот воз за Приштина е сопрен од лани.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира