ХАМАС ПОТВРДИ ДЕКА ВОДИ ТЕШКИ БОРБИ СО ИЗРАЕЛСКИТЕ СИЛИ, КОИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ОПКОЛАТ ГРАДОТ ГАЗА

    ХАМАС ПОТВРДИ ДЕКА ВОДИ ТЕШКИ БОРБИ СО ИЗРАЕЛСКИТЕ СИЛИ, КОИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ОПКОЛАТ ГРАДОТ ГАЗАИзраелската војска кажа дека погодила повеќе од 600 воени цели во изминатите 24 часа (Фото: АП)

    Израелските трупи поддржани од тенкови ги прошируваат своите операции во Газа, од каде што доаѓаат извештаи за жестоки воздушни и артилериски напади. Хамас потврди дека води тешки борби со израелските сили во северна Газа, додека Израел уште еднаш ги предупреди цивилите да бегаат кон југот на енклавата.

    Израелската војска кажа дека погодила повеќе од 600 воени цели во изминатите 24 часа и дека ја проширува копнената акција во Појасот Газа, каде што палестинските цивили имаат очајничка потреба од храна, чиста вода и гориво. Повеќе од 30 камиони со хуманитарна помош вчера влегоа во Газа, што е најголемата испорака досега.

    Израелските одбранбени сили убија десетици терористи кои беа забарикадирани во згради и тунели“, соопшти војската.

    Израел објави снимки од тенкови на западниот брег на енклавата, што навестува дека би можел да се обиде да го опколи градот Газа. Некои снимки покажуваат војници со израелски знамиња длабоко во Газа.

    Палестинската Црвена полумесечина кажа дека вчера добиле предупредување од Израел за евакуција на болницата „Ал-Кудс“, во која што се засолнети 14.000 луѓе. Израел го обвинува Хамас дека сместил свои заповедни центри и друга воена инфраструктура во болниците во Газа.

    Според еден извор, Хамас побарал петдневна хуманитарна пауза во израелските воени операции за да може да влезе помош во Газа во замена за ослободување заложници. Повеќе од половина од заложниците имаат пасоши од 25 држави, вклучувајќи 54 Тајланѓани, кажаа од израелската влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира