ЗА ТРИ НЕДЕЛИ ВО ГАЗА УБИЕНИ НАД 3.600 ДЕЦА, ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ВО СИТЕ ДРУГИ ВОЈНИ ЗАЕДНО ЛАНИ

    ЗА ТРИ НЕДЕЛИ ВО ГАЗА УБИЕНИ НАД 3.600 ДЕЦА, ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ВО СИТЕ ДРУГИ ВОЈНИ ЗАЕДНО ЛАНИДецата сочинуваат 40% од оние кои досега загинале во војната во Газа (Фото: АП)

    Повеќе од 3.600 деца се убиени во првите 25 дена од војната помеѓу Израел и Хамас, објави министерството за здравство на Газа. Меѓу нив има и новороденчиња и доенчиња, како и момчиња кои верувале дека се на безбедно во црква.

    Речиси половина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа се помлади од 18 години и децата сочинуваат 40% од оние кои досега загинале во војната. Податоците од тамошното министерство за здравство покажуваат дека до 26 октомври загинале 2.001 дете помладо од 12 години, од кои 615 имале три или помалку години.

    Израел тврди дека ги напаѓа позициите и инфраструктурата на Хамас и го обвинува дека ги користи цивилите како човечки штит. Израелците исто така велат дека повеќе од 500 проектили испукани од палестинските милитантни групи по грешка паднале во Газа, убивајќи непознат број цивили.

    Повеќе деца загинале за нешто повеќе од три недели во Газа отколку во сите конфликти низ светот заедно во секоја од последните три години. Од светската хуманитарна организација „Спасете ги децата“ велат дека 2.985 деца загинале во повеќе од 20 воени зони во текот на минатата година.

    Газа стана гробиште за илјадници деца“, изјави Џејмс Елдер, портпарол на УНИЦЕФ.

    И израелски деца исто така се убиени. Во бруталниот упад на Хамас се убиени околу 1.400 луѓе и меѓу нив имало и бебиња и мали деца, а околу 30 деца се земени како заложници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира