Мемоарите на поп пејачката Бритни Спирс „Жената во мене“ (Woman In Me) се продадоа во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето на 24 октомври.
„Ги вложив и срцето и душата во моите мемоари и благодарна сум им на моите обожаватели и читатели низ светот за нивната непоколеблива поддршка“, рече Спирс.
Во бројките за продажба влегуваат преднарачките, печатените изданија, е-книгите и аудиоверзиите.
„Жената во мене“ доби пофалби од критиката, која ја опиша како привлечна приказна за подемот на Спирс до светска слава и за нејзините постојани борби, вклучително и контроверзното старателство од татко ѝ, кој со години имаше контрола врз поголемиот дел од нејзиниот живот. Во книгата таа открива и дека абортирала додека беше во врска со Џастин Тимберлејк пред повеќе од 20 години.
На денот на објавувањето, Спирс на Инстаграм кажа дека книгата станала „најпродаваните мемоари на позната личност во историјата“, но засега не е број еден ни во 2023. Мемоарите на принцот Хари, „Резерва“, беа продадени во 1,6 милиони примероци во САД во првата недела.