Португалскиот премиер Антонио Кошта поднесе оставка откако беше извршен претрес во неговиот кабинет во рамките на истрага за корупција. Кошта не е наведен како осомничен, но кажа дека поради истрагата веќе не може да остане на функцијата.
Истражителите денеска кажаа дека се испитуваат концесии за рудници за литиум и за проект за производство на водород. Издаден е налог за апсење за пет лица, вклучувајќи го шефот на кабинетот на Кошта, Витор Ескарија. Весникот „Публико“ објави дека Ескарио е приведен.
Под истрага е и министерот за инфраструктура Жоао Галамба поради зделки поврзани со енергетика.
Кошта изјави дека е затечен од истрагата за корупција, но вети дека ќе соработува. Претседателот Марсело Ребело де Соуса изјави дека ја прифатил неговата оставка.