УКРАИНА ДОБИ ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ, ДОДЕКА ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ СЕ ВРАТИЈА ПОНАЗАД ВО РЕДИЦАТА

    УКРАИНА ДОБИ ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ, ДОДЕКА ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ СЕ ВРАТИЈА ПОНАЗАД ВО РЕДИЦАТАМакедонија нема напредок во судството и во борбата против корупција, се вели во извештајот на Европската комисија (Фото: СДК.МК)

    Украина, Молдавија и Грузија добија позитивни вести во средата во врска со нивните обиди да се приклучат на Европската унија, но земјите од Балканот, кои чекаат веќе децении да станат членки на најголемиот трговски блок во светот, изгледа дека се вратија поназад во редицата.

    Во редовните годишни извештаи за земјите кои што сакаат да се придружат на ЕУ, Европската комисија препорача дека на разрушената од војна Украина треба да ѝ биде дозволено да отвори преговори за членство, откако ќе надмине некои недостатоци. Европската комисија (ЕК) ја пофали Украина, каде што руските воени сили на 24 февруари 2022, започнаа целосна инвазија, ѝ рече дека украинската влада „покажала забележителна институционална сила, одлучност и способност за функционирање”. Но, ЕК вели дека преговорите треба да започнат само откако ќе бидат адресирани корупцијата, грижите за лобирање и ограничувањата што можат да спречат националните малцинства да учат на нивниот јазик.

    Соседната Молдавија, која исто така е засегната од руската инвазија, доби слична порака. Веќе 20 години, перспективата за членство во ЕУ беше моќен стимулатор за продемократски реформи во земјите аспиранти за членство. Но, земјите од Балканот – Македонија, Албанија, Босна, Црна Гора, Србија и Косово – веќе се разочарани од неуспехот на ЕУ да ги исполни своите ветувања за членство.

    Минатиот месец, висок функционер на ЕУ рече дека некои земји на Балканот „продолжуваат да се гледаат како центар на нашето внимание и одбиваат да прифатат или да признаат дека фактички тоа е Украина”. Високиот функционер бараше анонимност од АП за да може да зборува отворено за ова политичко прашање. Тој рече дека консензусот меѓу многу европски функционери кои работат со Украина е дека Киев „демонстрира сè што ни недостасува на Балканот: енергија, посветеност, ентузијазам.” Тој вели дека извештаите за проширување на ЕК се „објективен показател за состојбата.”

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира