ЗА 330 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПРОДАВААТ ТРИ СТАНА И ГАРАЖА ОД КОНФИСКУВАНИОТ ИМОТ НА МИЈАЛКОВ

    ЗА 330 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПРОДАВААТ ТРИ СТАНА И ГАРАЖА ОД КОНФИСКУВАНИОТ ИМОТ НА МИЈАЛКОВСтанува збор за дел од имотот конфискуван со спогодбата за случајот „Империја“ кој сега се продава на јавна лицитација. (Фото: СДК.МК)

    Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека објавила оглас за продажба на уште 4 недвижности од конфискуваниот имот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, во врска со предметот „Империја“. Станува збор за три стана и една гаража во Општина Центар и од нивната продажба во државниот буџет ќе бидат уплатени 330,350 евра, велат од Агенцијата.

    Претходно, продадени беа три објекти конфискувани од Мијалков, за 244.000 евра.

    „Ја информираме јавноста дека со денешната објава за продажба на 4 недвижности од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Г- дин Сашо Мијалков. Имено, станува збор за три стана кои што се наоѓаат на ул.Славејко Арсов, еден од 78м2, два од 73м2 и една гаража од 30м2 на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје. Со продажбата на овие четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра“, велат од Агенцијата за управување со одземен имот.

    Станува збор за дел од имотот конфискуван со спогодбата за случајот „Империја“ кој сега се продава на јавна лицитација. Запленетиот имот според Агенцијата вреди околу 14 милиони евра.

    Во јули 2022 година, Мијалков призна вина и се спогоди со обвинителката Лиле Стефанова во истрагата „Империја“ за перење пари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира