ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА ВО КОЈА ЗАГИНА ЕДНО ЛИЦЕ

    ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА ВО КОЈА ЗАГИНА ЕДНО ЛИЦЕСпоред неофицијални информации до кои дојде „Јутарњи лист“, министерот има контузии во пределот на главата, повреди на градниот кош и скршена нога. (Фото: Винкулја.хр)

    Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ има тешки телесни повреди, а според првите проценки на лекарите е надвор од животна опасност, соопшти портпаролот на хрватската влада Марко Милиќ по повод тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава кај Винковци.

    Според неофицијални информации до кои дојде „Јутарњи лист“, министерот има контузии во пределот на главата, повреди на градниот кош и скршена нога. Во автомобилот бил сам и кај него не било утврдено присуство на алкохол во крвта. Наводно, тој одел на лов.

    Во сообраќајната несреќа учествувал и возач на комбе, кој е загинат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира