НЀ ОТРУВТЕ СО ПОЛИТИЧКИ ГОВОР, ПОАРНО ДА НЕ ДОЈДЕВТЕ, Ѝ РЕЧЕ СЛАВЕСКИ НА АРСОВСКА НА СЕДНИЦАТА НА КОЈА ЈСП ДОБИ СУБВЕНЦИИ ЗА ДА ПОДЕЛИ ПЛАТА

    НЀ ОТРУВТЕ СО ПОЛИТИЧКИ ГОВОР, ПОАРНО ДА НЕ ДОЈДЕВТЕ, Ѝ РЕЧЕ СЛАВЕСКИ НА АРСОВСКА НА СЕДНИЦАТА НА КОЈА ЈСП ДОБИ СУБВЕНЦИИ ЗА ДА ПОДЕЛИ ПЛАТААрсовска од говорницата ги нарече советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Славески мицковисти и им рече, „Мицко не ви дава да гласате за одлуката со која ЈСП ќе може да добие субвенции“. (Фото: СДК.МК)

    После 6 месеци, денеска градоначалничката Данела Арсовска конечно се појави на седница на Советот на Град Скопје на која на дневен ред беше единствено точката за доделување субвенции за ЈСП „Скопје“.

    Но, седницата наместо да се зборува за проблемите на јавното претпријатие и нивно решавање, откако на неа се појави Арсовска помина во расправии меѓу неа и претседателот на Советот Трајко Славески.

    „Ја отрувте атомосферата која пред да дојдете вие беше работна. Отрувте со политички говор, поарно да не дојдевте. Вие тука ме обвинивте дека сум правел фалсификат со потписи за што ќе ве тужам, бидејќи лажете и изнесувате невистини. Ако не се извините ќе добиете кривична пријава од мене“, рече Славески.

    Арсовска од говорницата ги нарече советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Славески мицковисти и им рече, „Мицко не ви дава да гласате за одлуката со која ЈСП ќе може да добие субвенции“.

    На крајот, со 24 гласа „за“ и два против беше изгласана одлуката за доделување субвенции во висина од 1,8 милиони евра на ЈСП „Скопје“. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира