ИЗРАЕЛ СО ТЕНКОВИ УПАДНА ВО НАЈГОЛЕМАТА БОЛНИЦА ВО ГАЗА И ГО ПОВИКА ХАМАС ДА СЕ ПРЕДАДЕ

    ИЗРАЕЛ СО ТЕНКОВИ УПАДНА ВО НАЈГОЛЕМАТА БОЛНИЦА ВО ГАЗА И ГО ПОВИКА ХАМАС ДА СЕ ПРЕДАДЕИзраел соопшти дека изведува прецизна и насочена операција во болницата во Газа (Фото: АП)

    Израелската војска објави дека упаднала во болницата „Ал-Шифа“ и ги повика милитантите на Хамас кои се кријат внатре да се предадат, додека илјадници палестински цивили и натаму се наоѓаат во најголемата болница во Газа. Мунир ал-Бурш, генерален директор во министерството за здравство на Газа, изјави дека израелските сили, вклучувајќи тенкови, влегле во западниот дел на болничкиот комплекс.

    Имаше големи експлозии, а чад влезе во просторот каде што бевме. Веруваме дека експлозијата се случи внатре во болницата“, изјави тој.

    Портпаролот на министерството за здравство на Газа кажа дека „окупаторската војска сега е во подрумот на комплексот и пука“.

    Состојбата во „Ал-Шифа“ е во фокусот на меѓународната јавност во изминатите денови, додека се влошуваат условите за илјадниците пациенти и засолнети цивили. Израел тврди дека Хамас има заповеден центар во тунелите под болницата и оттаму изведува воени операции.

    Врз основа на разузнавачките информации, Израелските одбранбени сили изведуваат прецизна и насочена операција против Хамас во одредена област во болницата ‘Ал-Шифа‘. Во операцијата учествуваат тимови специјално обучувани за вакво сложено и чувствително окружување, со цел да не се загрозат цивилите“, објави ИДФ.

    Портпаролот на армијата Петер Лернер изјави дека „болничкиот комплекс служи како главен центар за операциите на Хамас“.

    САД кажаа дека нивните разузнавачки податоци ги поддржуваат израелските заклучоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира