Паднаа парчиња од фасадата на зграда во центарот на Скопје, кај Министерството за прадва. Бетонски парчиња паднаа на пешачката патека, но, како што информираат од Центарот за управување со кризи, нема повредени.
„Преку единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел од фасада во центарот на Скопје и можна опасност да падне уште. Останатиот дел од фасадата најгоре на зградата е потенцијална опасност за минувачите”, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека ја известиле Општина Центар, од каде им рекле дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица, тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа.