ФИНСКА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН РУСИЈА ОСВЕН ЕДЕН

    ФИНСКА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН РУСИЈА ОСВЕН ЕДЕНФинска ги обвини Русите дека ги насочуваат мигрантите кон нејзината граница (Фото, Лахтикува)

    Финска в петок ќе ги затвори сите гранични премини со Русија освен најсеверниот, со цел да спречи наплив на баратели на азил, изјави премиерот Петери Орпо.

    Во изминатите недели, повеќе од 600 луѓе од трети земји влегле во Финска од Русија и побарале азил, што ја натера финската влада да затвори четири гранични премини, обвинувајќи ја Москва дека ги насочува мигрантите да одат кон Финска.

    По последните затворања на јужните премини кон Русија, мигранти од Јемен, Авганистан, Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија и Сирија тргнале посеверно долж 1.340 километри долгата граница, кон два премина кои и натаму примале барања за азил. Поради тоа, Финска ќе затвори три од преостанатите четири гранични премини со Русија.

    Раја-Јосепи е најсеверниот граничен премин и бара многу напор да се стигне дотаму“, изјави Орпо.

    Ова доаѓа откако Финска кажа дека има докази дека Русите ги превезуваат мигрантите кон нејзината граница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира