ВЛОЖУВАМЕ ВО МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНОСТА, А НЕ ВО ИНСТРУМЕНТИ ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ШУКОВА

    ВЛОЖУВАМЕ ВО МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНОСТА, А НЕ ВО ИНСТРУМЕНТИ ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ШУКОВАВелес има само една мерна станица која го покрива новиот дел од градот. (Фото: СДК.МК)

    Невладините еколошки здруженија и Општина Велес велат дека градот има потреба од уште една мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот, но министерката за животна средина Каја Шукова вели дека се потребни мерки за намалување на загаденоста.

    „Како локална власт, апелираме до Министерството за животна средина да постави уште две мерни станици, за да може да биде покриен градот целосно, а жителите ќе знаат каков е квалитетот на воздухот кој го дишат“, вели Петре Цилаков, раководител на Сектор отза животна средина при Општина Велес.

    Велес, кој до пред 20 години беше индустриски центар и имаше пет мерни станици, но денес има само една, кај градинката во населба Тунел. Таа го покрива новиот дел од градот, додека стариот, каде повеќето од домаќинствата користат како огревно дрво, нема мерна станица. До 2005 имаше во Бирото за вработување, но таа е отстранета пред две децении.

    При посетата на Велес, министерката за животна средина Каја Шукова кажа дека важно е да се работи на намалување на загаденоста.

    „Тоа што го имаме во Велс е апсолутно доволно, имаме индикативни податоци од мерења, информации за да знаме како се движи згадувањето. Општините можат да постават свои мерни станици, истите да бидат валидирани, инструменти кои мерат валидни податоци. Ова што го имаме во државата е доволно и нема потреба за ново инвестирање во мониторинг мрежата. Повеќе треба да инвестираме во намалување на загадувањето. Тоа го правиме со европски пари, со проект на ЕУ вреден 10 милиони евра, за намалување на загаденоста на четири града, Скопје, Битола, Тетово и Куманово. Општините треба да ги заменат нееколошките со еколошки системи за затоплување“, рече Шукова.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира