ИСТЕКУВА ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА, ИЗРАЕЛ И ХАМАС НАВЕСТИЈА ДЕКА БИ САКАЛЕ ДА ПРОДОЛЖИ

    ИСТЕКУВА ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА, ИЗРАЕЛ И ХАМАС НАВЕСТИЈА ДЕКА БИ САКАЛЕ ДА ПРОДОЛЖИМеѓу заложниците ослободени вчера беше и тригодишното девојче Шохам (Фото: АП)

    Американскиот претседател Џо Бајден изрази надеж дека привременото примирје помеѓу Израел и Хамас би можело да биде продолжено, откако палестинската милитантна група ослободи уште 17 заложници, вклучувајќи и четиригодишно девојче од САД чии родители беа убиени во нападот на 7 октомври. И Хамас кажа дека сака продолжување на паузата во борбите, која денеска влезе во четвртиот и последен ден од она што првично беше договорено.

    Според некои извештаи, со посредство на Катар и Египет се водат преговори за продолжување на примирјето за два до четири дена.

    Од израелските затвори досега се ослободени вкупно 117 Палестинци, од кои 39 вчера. При последната размена, Хамас пушти 13 израелски граѓани, тројца од Тајланд и еден од Русија.

    Четиридневното примирје кое е во тек и генерално се почитува е прво од почетокот на конфликтот и една од целите беше ослободување на дел од 240 заложници кои се држат во Газа. Израелскиот премиер Нетанјаху му рекол на Бајден дека би прифатил продолжување на примирјето, под услов секој ден да се ослободуваат по уште десет заложници.

    По завршувањето на примирјето ќе продолжиме со сета сила да ги остваруваме нашите цели, а тоа се елиминација на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа никогаш веќе да не биде она што беше“, изјави Нетанјаху.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира