ПОЛСКА ПЛАНИРА ДА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА СО РУСИЈА, КРЕМЉ ГО СМЕТА ТОА ЗА ЗАКАНА

    ПОЛСКА ПЛАНИРА ДА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА СО РУСИЈА, КРЕМЉ ГО СМЕТА ТОА ЗА ЗАКАНАФинска вчера соопшти дека ќе ја затвори целата своја граница со Русија на две недели (Фото: ДПА)

    Кремљ ги критикуваше медиумските извештаи дека Полска би можела да испрати свои војници на финската граница со Русија, и рече дека го смета за потег за кревање тензии и закана за Русија.

    Шефот на полското Национално безбедносно биро изјави дека Варшава планира позитивно да одговори на финското барање за распоредување нејзини трупи близу границата со Русија. Финска ги затвори сите гранични премини со Русија по ненадеен наплив на мигранти, обвинувајќи ја Москва дека ги насочува кон границата.

    „Тоа е апсолутно непотребна мерка за засилување на граничната безбедност затоа што тука нема закана, нема реални тензии. Но, тензиите би можеле да пораснат со концентрацијата на дополнителни трупи на границата и на Финците треба да им биде јасно дека тоа ќе претставува закана за нас. Планираното распоредување е неиспровоцирано и неоправдано“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Финска вчера соопшти дека ќе ја затвори целата своја граница со Русија на две недели, откако претходно најави дека ќе остави отворен само еден граничен премин. Околу 900 баратели на азил од Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен влегле од Русија во Финска овој месец, откако претходно просекот бил еден на ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира