ИЗРАЕЛ И ХАМАС ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ДОГОВОРИЈА УШТЕ ЕДЕН ДЕН ПРИМИРЈЕ

    ИЗРАЕЛ И ХАМАС ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ДОГОВОРИЈА УШТЕ ЕДЕН ДЕН ПРИМИРЈЕМеѓу ослободените палестински затвореници вчера беше и познатата активистка Ахед Тамими (Фото: АП)

    Израел и Хамас во последен момент договорија продолжување на примирјето за уште еден, седми ден, што ќе им овозможи на преговарачите да продолжат да работат на договори за размена на заложниците и палестинските затвореници. Паузата во борбите исто така овозможи во Газа да влезе силно потребната хуманитарна помош.

    Во екот на напорите за продолжување на процесот на ослободување заложници, операциската пауза ќе продолжи“, соопшти израелската војска неколку минути пред истекот на досегашното примирје.

    Хамас се согласи да пушти 16 заложници, во замена за 30 палестински затвореници. Од почетокот на примирјето ослободени се 97 заложници и се проценува дека уште 145 остануваат во Газа.

    Набргу по постигнувањето на договорот, израелската полиција уби двајца палестински напаѓачи кои отворија оган на автобуска станица на влезот во Ерусалим, при што загинаа тројца луѓе, а осуммина беа ранети.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, утрово пристигна во Тел Авив, што е негова трета посета на регионот од почетокот на војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира