ДВАЈЦА РОМАНСКИ СУДИИ ДОБИЈА ОТШТЕТА ПО МИЛИОН ЕВРА ОТКАКО ИМ ЗАСТАРЕ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО

    ДВАЈЦА РОМАНСКИ СУДИИ ДОБИЈА ОТШТЕТА ПО МИЛИОН ЕВРА ОТКАКО ИМ ЗАСТАРЕ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ЗЕМАЊЕ МИТОСудијата Ордог беше неправосилно осуден на 7 години затвор за земање мито, но сега ќе се врати на работа во судот во Ковасна. (Фото: Јаши7)

    Двајца романски судии добија по 1 милион евра компензација откако застаре обвинението против нив за земање поткуп во случај вреден 300 милиони евра. Двајцата исто така ќе се вратат на работа по 8 години суспензија, откако во 2015 година беше отворена истрагата.

    Според романските медиуми, случајот не бил многу комплексен, посебно што вклучените, вклучувајќи и висок поранешен функционери, признале вина. Но, судскиот процес траеше повеќе од 8 години, што беше доволно Врховниот суд минатата недела да го затвори случајот поради застареност.

    Клучна улога за застарување на случајот одигра Уставниот суд во Романија, кој со неколку одлуки ги наруши случаите со корумпирани политичари.

    Двајцата судии, Лоранд Ордог и Роксана Буларка, сега ќе добијат втора шанса да делат правда во судовите.

    Двајцата судии беа обвинети дека во 2012 година примиле 50.000 евра мито во случај со денационализација на шумско земјиште вредно 300 милиони евра. Судијата Ордог беше неправосилно осуден на 7 години затвор, а судијката Буларка на две години години затвор условно.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира