НОРМАЛИЗИРАНО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО БИТОЛА, НОВАЦИ И МОГИЛА, НО НЕПОВРАТНО СЕ ИЗГУБИ МНОГУ ВОДА

    НОРМАЛИЗИРАНО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО БИТОЛА, НОВАЦИ И МОГИЛА, НО НЕПОВРАТНО СЕ ИЗГУБИ МНОГУ ВОДАВчера половина Битола и делови од соседните општини Новаци и Могила со часови беа без вода по дефект предизвикан од приватна фирма изведувач која изведувајќи градежни работи врз инфраструктура прекина една од главните водоводни артерии во Битола. (Фото: принтскрин)

    Екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола, по повеќе од десет часа работа на терен, доцна синоќа, го санираа дефектот на водоводната мрежа и неколку стотици домаќинства во Битола, Новаци и Могила добија вода.

    Со прекинато водоснабдување останува уште еден крак на улицата Стив Наумов (потег од Нико Фундали до Солунската со Христо Ботев), но во текот на денот од „Водовод“ очекуваат дека и тој проблем ќе биде надминат.

    Вчера половина Битола и делови од соседните општини Новаци и Могила со часови беа без вода по дефект предизвикан од приватна фирма изведувач која изведувајќи градежни работи врз инфраструктура прекина една од главните водоводни артерии во Битола.

    За да се санира дефектот мораше да се испразни големиот резервоар со вода во градот заради што беа отворени повеќе хидранти и водата истекуваше надвор низ улиците. Поради ова дојде до голема загуба на вода, а од „Водовод“ рекоа дека фактурата за направените трошоци ќе биде испратена до приватната фирма изведувач, која ќе треба да ја надомести штетата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира