Од петмина осомничени, тројца се во притвор, еден е недостапен, надвор од Македонија, но со патека на бегство лоцирана од Интерпол и МВР, а во неделата навечер во полициска станица беше приведен уште еден осомничен од групата за изнуда на пари и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски од Велес.
Приведениот во станица и за кој не е побаран притвор, е таткото на Вања, потврди ОЈО Скопје.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, против три лица, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а зарди постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело. Мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител, може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство“, соопшти Судот во понеделник рано наутро.
Од викендов уапсените 5 луѓе, тројца се во притвор, а двајца се пуштени, поради немање докази, т.е. поради неповрзаност со киднапирањата и убиствата.
Скопското јавно обвинителство по соопштението за наоѓањето на безживотното тело на Вања, остави можност бројот на уапсени да расте.
Прес-конференција в понеделник (4 декември) во 9:30 часот, ќе одржат министерот за внатрешни работи на Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски.