Израелската војска објави дека се бори со Хамас во целиот Појас Газа, најавувајќи дека е почната нејзината копнена офанзива во јужниот дел на енклавата. Обновените борби следуваат по завршувањето на седумдневното примирје во петокот, при што САД го повикаа Израел повеќе да ги заштити цивилите.
Израелската војска им нареди на цивилите од 20-ина централни области на Газа да одат јужно во таканаречените безбедни области, додека Хамас кажа дека не постои такво нешто.
Израелската влада кажа дека војската погодила повеќе од 400 цели викендов, вклучувајќи ја пошироката област на најголемиот град на југот на Газа, Кан Јунис. Хамас кажа дека борбите се воделе на два километра од градот.
„Израелските одбранбени сили продолжуваат со своите копнени операции против центрите на Хамас во целиот Појас Газа“, изјави портпаролот на војската Даниел Хагари, додавајќи дека од почетокот на копнената офанзива загинале 76 војници.