ЗЕЛЕНСКИ НЕНАДЕЈНО ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО АМЕРИКАНСКИТЕ СЕНАТОРИ СРЕДЕ НЕИЗВЕСНОСТА ЗА ИДНАТА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ НЕНАДЕЈНО ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО АМЕРИКАНСКИТЕ СЕНАТОРИ СРЕДЕ НЕИЗВЕСНОСТА ЗА ИДНАТА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНАОд почетокот на војната, САД ја помогнаа Украина со повеќе од 110 милијарди долари (Фото: Гети)

    Володимир Зеленски го откажа брифингот со американските конгресмени среде неизвесноста околу идното американско финансирање на Украина. Неговото онлајн појавување во Сенатот и Претставничкиот дом беше откажано во последен момент и лидерот на Сенатот, Чак Шумер, не објасни зошто.

    Ова доаѓа откако шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, предупреди дека Украина би можела да ја изгуби војната со Русија ако не биде одобрена нова американска воена помош.

    Без да продолжи поддршката од САД, постои голем ризик од губењето на војната. Ќе биде тешко да се одржат позициите и луѓето да преживеат“, кажа Јермак.

    Тој излезе со оваа проценка неколку часа пред Зеленски да се повлече од закажаната видеоконференција со американските сенатори, на која требаше да ги запознае со ситуацијата во војната во Украина.

    И покрај притисокот од администрацијата на Џо Бајден, Конгресот и натаму е далеку од постигнување договор за компромисен пакет воена помош за Украина.

    Ни снемуваат пари, а и време“ изјави деновиве директорката на буџетот на Белата куќа, Шаланда Јанг.

    Во понеделникот, лидерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, на некој начин ги отфрли последните молби да се обезбедат уште десетици милијарди долари за финансирање на Украина.

    Администрацијата на Бајден не успеа суштински да одговори на ниту една од моите легитимни грижи за недостаток на јасна стратегија во Украина, пат кон решавање на конфликтот или план за адекватно обезбедување одговорност за помошта обезбедена од американските даночни обврзници“, напиша Џонсон на социјалните мрежи.

    Од почетокот на војната, САД ја помогнаа Украина со повеќе од 110 милијарди долари, но долгоочекуваната противофанзива не даде големи резултати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира