Џо Бајден изјави дека можеби немаше да се кандидира на претседателските избори во 2024 доколку не беше Доналд Трамп, зашто Републиканците претставуваат закана за САД.
„Ако Трамп не се кандидираше, не сум сигурен дека и јас би барал втор мандат. Не смееме да му дозволиме да победи“, изјави Бајден на настан за собирање средства за неговата кампања во Бостон.
Признанието на Бајден доаѓа додека и најверните гласачи на Демократите изразуваат загриженост за возраста на претседателот, кој минатиот месец наполни 81 година, со што е најстар во историјата на Белата куќа.
„Некој му даде тема на зборување што мислеле дека ќе звучи добро“, реагираше Трамп.
Бајден истакна дека нема да се повлече од изборната трка.
„Не, сега не. Штом тој се кандидира, и јас мора да се кандидирам“, рече тој.
Според сегашните анкети, на изборите најверојатно ќе се соочат Бајден и Трамп, кој е фаворит меѓу кандидатите од Републиканската партија, иако го чекаат четири судења.