ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО БОЛНИЦА ВО РИМ

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО БОЛНИЦА ВО РИМПожарникарите го гаснеле пожарот со часови (Фото: АНСА)

    Три лица загинаа во пожар во болницата во Тиволи на периферијата на Рим.

    Пожарот избувнал синоќа пред полноќ и пожарникарите го гаснеле со часови, истовремено помагајќи ѝ на полицијата во спасувањето на пациентите и вработените. Евакуирани се речиси 200 луѓе, од кои повеќето пациенти.

    Полицијата кажа дека жртвите се тројца стари луѓе.

    Според првичната проценка на пожарникарите, пожарот почнал од отпадот што се наоѓал во подрумскиот дел на зградата, по што се проширил во нејзината внатрешност, зафаќајќи неколку оддели, меѓу кои и мртовечницата.

    Нема сериозно повредени меѓу евакуираните, од кои три новороденчиња. Вакво нешто никогаш не се случило овдека“, изјави градоначалникот на Тиволи, Џузепе Проети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира