ПРАВЕДЕН СВЕТ СО АМЕРИКА НЕ Е МОЖЕН, КАЖА ЕРДОГАН И ГО ОБВИНИ ЗАПАДОТ ЗА ВАРВАРСТВО

    ПРАВЕДЕН СВЕТ СО АМЕРИКА НЕ Е МОЖЕН, КАЖА ЕРДОГАН И ГО ОБВИНИ ЗАПАДОТ ЗА ВАРВАРСТВОЕрдоган кажа дека во Газа се убиваат сите вредности на човештвото (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган го обвини западот за варварство и за толерирање на исламофобија во говорот што го одржа во пресрет на 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права.

    Израел изврши злосторства и масакри кои се срам за целото човештво. Во Газа се убиваат сите вредности на човештвото. Соочени со ваквата бруталност, меѓународните институции и организациите за човекови права не преземаат никакви конкретни чекори за да се спречат ваквите прекршувања“, кажа Ердоган.

    Алудирајќи на ветото што САД го ставија на резолуцијата на Обединетите нации со која се бараше хуманитарно примирје во Газа, Ердоган порача дека праведен свет не е можен со Америка, зашто САД се на страната на Израел.

    Отсега, светот веќе нема да верува дека САД ја поддржуваат Универзалната декларација за човековите права“, рече Ердоган и додаде дека единствената вредност до која се придржува западот е неговото варварство.

    Ги видовме примерите на тоа варварство на западот во сите овие несреќни настани, што ги поддржуваше или беше учесник“, додаде турскиот лидер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира