ОД ДЕНЕСКА НА СИЛА НОВИОТ ВОЗЕН РЕД НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ, ВО ЗЕМЈАВА АКТИВНИ СЕ ШЕСТ ПАТНИЧКИ ВОЗА, МЕЃУНАРОДНИ НЕМА

    ОД ДЕНЕСКА НА СИЛА НОВИОТ ВОЗЕН РЕД НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ, ВО ЗЕМЈАВА АКТИВНИ СЕ ШЕСТ ПАТНИЧКИ ВОЗА, МЕЃУНАРОДНИ НЕМАСпоред објавата на МЖ Инфраструктура, во Македонија активни се шест пара патнички воза, три локали до Велес, еден до Битола и два до Гевгелија.(Фото: СДК.МК)

    Денеска стапи на сила новиот возен ред на Македонски железници. Според објавата на МЖ Инфраструктура, во Македонија се активни шест пара патнички воза, три локали до Велес, еден до Битола и два до Гевгелија.

    Поради нарушената статика на железничкиот мост на Црна Река, чија санација започна деновиве, од Градско и Неготино и обратно, патниците од и за Гевгелија се префрлаат со автобус. Во однос на поаѓањето нема промени, единствено претпладневниот од Скопје за Велес е поместен за 15 минути, па наместо во 9:15 тргнува во 9 часот.

    Од јуни 2021 не сообраќаат патничките возови кон Кичево и Кочани, а од почетокот на годинава кон Табановце и Куманово. Не сообраќа ниту меѓународниот воз за Приштина, а со години и тој за Белград и Солун. Иако од МЖ Транспорт не објавуваат, според железничарите, причина за вака редуцираниот патнички превоз е малиот број исправни локомотиви и патнички гарнитури.

    Во возниот ред се впишани и двата воза од и за Битола, кои од 27 октомври не сообраќаат. Од МЖ велат дека прават напори да се поправат двете патнички гарнитури од кинеско производство, за да може до крајот на годинава да се вратат двата воза од Скопје до Битола и обратно.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира