Две лица се убиени, а едно е рането во пукање во швајцарскиот град Сион, објави полицијата, додавајќи дека неидентификуваниот напаѓач е во бегство. Пукањето се случило на две различни локации во градот со 35.000 жители.
„Мотивот на пукањето не е познат, но првичните сознанија укажуваат на тоа дека напаѓачот ги познавал своите жртви“, соопшти полицијата.
Швајцарија има висока стапка на поседување оружје. Се проценува дека од девет милиони жители, дури 2,3 милиони граѓани имаат огнено оружје.