КАТЕДРАЛАТА НОТР ДАМ ДОБИ НОВ ЗЛАТЕН ПЕТЕЛ, СИМБОЛ НА ФЕНИКС ПОСЛЕ ПОЖАРОТ ВО 2019

    КАТЕДРАЛАТА НОТР ДАМ ДОБИ НОВ ЗЛАТЕН ПЕТЕЛ, СИМБОЛ НА ФЕНИКС ПОСЛЕ ПОЖАРОТ ВО 2019Новиот петел на врвот на Нотр Дам означува дека има надеж, дека не е сè изгубено. (Фото: АП)

    Катедралата Нотр Дам вчера си го врати својот златен петел на врвот на куполата, што е значаен момент за реставрацијата на една од најзначајните француски знаменитости. Инсталирањето со кран на новиот златен петел, замислен феникс со пламени пердуви, оди подалеку од тоа да биде украс на катедралата. Симболизира отпорност во услови на уништување по разорниот пожар, бидејќи службениците за реставрација открија дека под покривот на катедралата е поставен систем за заштита од пожар.

    Главниот архитект Филип Вилнев, кој го дизајнираше овој нов петел, изјави дека преживувањето на оригиналниот петел означува зрак светлина во катастрофата.

    „Означува дека има надеж, дека не е сè изгубено. Убавината на стариот петел го изрази плачот на катедралата што страда во пламен“, рече Вилнев.

    Тој го опиша новото уметничко дело долго околу половина метар кое блескаше на декемвриското сонце зад катедралата Нотр Дам, како негов феникс. Вилнев се пошегува дека процесот на дизајнирање бил толку стресен и интенизвен што можеби ќе треба да разговара со својот терапевт за тоа.

    Пред да биде поставен на своето место, петелот – француски симбол на будноста и Христовото воскресение – беше благословен од парискиот надбискуп Лоран Улри на плоштадот зад споменикот. Петелот – или „coq“ на француски – е емотивен национален симбол за Французите поради семантиката на зборот – латинскиот gallus што значи Галија и gallus истовремено значи петел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира