Германскиот канцелар Олаф Шолц бил позитивен на ковид-19 неколку дена по лидерската средба во Брисел, на која беше одлучено да се отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија.
„Со само неколку симптоми очекувам лесно да поминам и да продолжам да работам од мојата канцеларија“, изјави Шолц.
Во Германија, заразените со коронавирус не мора да се изолираат, само им се препорачува да избегнуваат контакти.
Покрај Шолц, и естонската премиерка Каја Калас имала позитивен тест на ковид-19 по враќањето од Брисел.