ПЕТ ДЕНА ПО ИСКЛУЧУВАЊЕТО, СЛЕПОТО СЕМЕЈСТВО ОД ВРАГОТУРЦЕ ДОБИ СТРУЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕТ ДЕНА ПО ИСКЛУЧУВАЊЕТО, СЛЕПОТО СЕМЕЈСТВО ОД ВРАГОТУРЦЕ ДОБИ СТРУЈА

    По пет дена, осумчленото слепо семејство Младеновски од кумановското планинско село Враготурце доби струја. Екипа на ЕВН денеска околу 13 часот дошла во куќата и ја пуштила струјата, откако предходно не успеале приклучокот да го извршат по дигитален пат. Електричарите со теренско возило неколкупати се главеле по патот во снег и кал, додека се движеле низ планината.

    Младеновски останаа без струја во средата, кога времето беше најладно а температурата изнесуваше -20 степени, поради неплатен долг од пред 10 години. Откако САКАМДАКАЖАМ.МК ја објави приказната, исклучувањето наиде на голема осуда во јавноста.

    Од ЕВН тогаш изјавија дека семејството е исклучено од системот за напојување затоа што во подолг временски период не ги плаќало сметките за потрошена електрична енергија. Најавија дека со оглед на состојата на корисникот и временските услови, компанијата ќе ја разгледа можноста да помогне.

    Новко Младеновски вели дека благодарен што ЕВН му излезе во пресрет и ја пушти струјата, за да да не седат во темница со децата и да не им се расипе храната што ја имаат во фрижидерот. Но, вели дека незнае како да најде пари да го плати заостанатиот долг кој изнесува над 33.000 денари.

    Повеќе граѓани вчера и денес се јавија и понудија финсиска помош да ја платат сметката за струја на семејството.

    Младеновски се корисници на социјална помош, живеат во трошна куќа и со години бараат социјален стан во Старо Нагоричане  за да се спуштат од планината. Откако трпати биле одбиени со образложение дека нема слободни станови, ја изгубиле надежта дека некој ќе им помогне.

    disklejmer-prikazni-23734

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира