Велика Британија се подготвува да испрати воен брод во Гвајана во знак на дипломатска и воена поддршка за поранешната британска колонија, објави „Би-Би-Си“. Потегот на Британија доаѓа откако соседната Венецуела ги обнови аспирациите за спорна територија во Гвајана, богата со нафта и руда.
Гвајана е единствената земја во Јужна Америка, каде што се зборува англиски.
Ќе биде испратен бродот „Трент“ кој што е на задача во Карибите во потрага по шверцери на дрога, но ќе замине за Гвајана откако владата на Венецуела се закани дека ќе го анектира регионот Есекибо од Гвајана претходно месецов.
Овие закани предизвикаа стравови дека Венецуела може да изврши инвазија на Гвајана, што би било прва војна меѓу две држави во Јужна Америка во 50 години.